ЦСКА Москва се наоѓа на чекор до фајналфор турнирот од Евролигата, откако рускиот гигант поведе со 2-0 во четвртфиналната серија против Химки (89-84). Идентично како и на првиот меч, кошаркарите на Химки одлично парираа, но на крајот сепак пресуди класата и искуството на ЦСКА, екипата што и без помошта на повредениот Де Коло се наоѓа на чекор до виза за завршниот турнир во Белград.
Мечот беше израмнет до стартот на последната четвртина, кога при резултат 68-68 домашните кошаркари направија серија од 11-2, успеаја да се одлепат и да ја сочуваат предноста до самиот крај.
Серхио Родригез беше незапирлив во тимот на ЦСКА, реализирајќи дабл-дабл од 26 поени и 10 аситенции, Кори Хигинс постигна 19 поени, додека кај Химки најдобри стрелци беа Гил со 24 и Швед со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА