ЦСКА Москва триумфираше со 81-89 на гостувањето против Баерн Минхен во дербито на десеттата рунда натпревари во Евролигата.
Во дуелот на второ и третопласираната екипа во евролигашкото натпреварување, на крајот Русите беа поуспешни благодарение на одлично одиграното второ полувреме низ кое стигнаа до пресврт-триумф.
Најефикасен во победата на гостите беше Мајк Џејмс со 23 поени, а со 18 поени заврши Никола Милутинов, кој дополни и со 12 скока. Болдвин со 19 поени беше најдобар кај Баерн Минхен, а Рејнолдс дополни со 18 поени.
Во првиот натпревар од денешната програма Анадолу Ефес на гостински терен славеше убедливо со 77-105 против Химки, додека Басконија, пак, на домашен терен триумфираше со 93-72 против Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА