Актуелниот бранител на трофејот во Евролигата ЦСКА Москва со сигурна победа на гостувањето кај шпанската Валенсија од 71-96 ја почна одбраната на титулата. Московјаните во текот на целиот меч го контролираа мечот и во ниту еден момент на противникот не му дозволија ниту да помисли дека може да се врати во игра. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Дерен Хилард со уфрлени поени 22, додека кај домаќините Мајк Тоби имаше 14 поени.
Францускиот АСВЕЛ стигна до изненадувачка победа над грчкиот Олимпијакос од 82-63. Втората четвртина беше клучна во победата на Французите во која на гостите од Грција им дозволија да постигнат само девет поени. Алба Берлин го декласираше Зенит Санкт Петербург со 85-65, a претходно денеска Ефес – Барселона 64-74 и Жалгирис – Басконија 58-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА