ЦСКА Москва е третиот учесник на Ф4 турнирот во Евролигата

ЦСКА Мосвка е третиот учесник на Ф4 турнирот во Евролигата, откако во четвртио меч во четврфиналната серија ја совлада Басконија нагости со 83-92.

Домаќините подобро го започнаа натпреварот. Имаа водство во текот на целиот прв дел, а на полувреме заминаа со предност од девет поени (48-39).

Во второто полувреме избраниците на Димитриос Итудит предводени од Нандо де Коло успеаја да направат пресврт за на крајот да стигнат до победа од 83-92.

Нандо де Коло беше најефикасен во победничкиот табор со 25 поени, надополнети со по четири асистенции, скока и украдени топки, додека кај Басконија Винсент Поире уфрли 21 поен.

ЦСКА Москва им се приклучи на Реал Мадрид и Фенербахче кои претходно обезбедија настап на Ф4 турнирот, кој ќе се игра во Виторија.

Се вчитува...