Барселона остана немоќна пред ЦСКА Москва во 20. коло од Евролигата. Русите славеа на гостувањето во Шпанија со 76-84, зацврстувајќи се на третата позиција на табелата.
ЦСКА до триумфот беше водена од извонредниот Нандо Де Коло кој мечот го заврши со 25 поени, плус и пет скока и три асистенции. Го следеа Никита Курбанов со 17 поени и пет скока, како и Родригез кој мечот го заврши со 10 поени и седум асистенции.
Во домашниот состав се издвои Виктор Клевер со 17 поени, а Кевин Серапхин мечот го заврши со 14 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА