ЦСКА на Рајковиќ го совлада Зенит и израмни во битката за трето место

ЦСКА Москва предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ, му нанесе убедлив пораз на тимот на Зенит во битката за третото место во рускиот плеј-оф (85-61). Четата на Рајковиќ до победата стигна благодарение на одличната игра во вториот дел, откако по првиот имаше негатива од 1 разлика.

Лошо почнаа „армејците“ со негатива од пет разлика по првата четвртина, а во втората успеаја да намалат и да заминат само со минимална негатива на полувремето.

Сепак, третиот период го добија со +9 и направија пресврт, а особено одлични беа во последниот период кој го добија со 23-7, за конечен триумф.

Во финалната серија македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ игра против Локомотив Кубан, и во моментов Ломотив има предност од 1-0 по направениот „брејк“ во Казан.

Се вчитува...