Кошаркарите на Панатинаикос стигнаа до седмата победа во 15. коло од Евролигата славејќи пред своите навивачи во Атина против руската ЦСКА Москва со 96-84.
Грците до триумфот стигнаа благодарение само на извонредно одиграната втора четвртина која ја добија со 36-18, откако претходно Русите одлично го почнаа мечот.
Но, по преземеното водство на Панатинаикос во вториот период потоа истото успеваа да го одржуваат до крајот на средбата за конечна победа од 96-84.
Најефикасен кај Панатинаикос беше Јоанис Папапетру со 17 поени, а со 14 поени, 10 асистенции и шест скока мечот го заврши Ник Калатес. Во поразениот тим не помогна ниту одлична партија на Вил Клибурн кој мечот го заврши со 24 поени и 10 скока.
ЦСКА Москва остана на третата позиција на табелата во Евролигата со 11 победи и четири порази, веднаш зад Фенербахче и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА