ЦСКА се помири со судбината: „Невозможно е да се вратиме во Евролигата“

Претседателот на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин отворено говореше за можноста рускиот гигант да се врати во Евролигата по најавите за ново проширување од сезоната 2026/27.

Според првиот човек на московскиот гигант шансите за тоа се сведени на нула бидејќи ситуацијата која доведе со суспензија не само што не е подобра, туку е и влошена.

„Речиси четири години одговарам на исти прашање и би сакал тие да престанат да се поставуваат. Шанса за враќање едноставно нема. Причините поради кои руските клубови и репрезентации се суспендирани и понатаму се присутни и не гледам ниту една стратешка промена која би видела кон нивно укинување.

Русија ја бришат од европскиот простор и бесмислено е да очекувани дека баш спортот ќе остане. Секој нов пакт на санкции дополнително ни ја отежнува работата. А, ако ја ставиме политиката на страна, технички враќањето е неизводливо. Имаме проблеми со летови, плаќање, визи… Тоа не ни овозможува нормално да функционираме“, изјави Ватутин.

Се вчитува...