ЦСКА Москва во голем стил ја стартуваше новата евролигашка сезона, откако во премиерниот натпревар лесно и убедливо славеше над Барселона со резултат 95-75. Каталонците влегуваат значително засилени во оваа сезона, но избраниците на тренерот Пешиќ немаа сили да го запрат атомскиот напад на рускиот гигант, кој ја надмина границата од 90 постигнати поени.
Барса успеа да парира во првиот период што ЦСКА го доби со 20-17, но потоа во вторите десет минути можеше да се проследи апсолутна доминација на избраниците на Итудис, кои го добија овој дел од мечот со 30-12 и практично го решија прашањето на победникот. Каталонците одиграа подобро во третата четвртина и стигнаа до „минус девет“, но тоа беше се што успеаја да сторат бидејќи следеше нова фуриозна серија на ЦСКА и конечна убедлива победа од дваесет поени разлика.
Кори Хигинс погоди пет тројки за вкупно 18 поени, Де Коло постигна 17 поени за ЦСКА, додека најефикасни кај Барселона при денешниот пораз беа Курич со 15 и Блажиќ со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА