Кошаркарите на ЦСКА и го нанесоа вториот пораз на Валенсија во 5. коло од новата сезона во Евролигата.
Русите триумфираа со 84-75 во натпревар во кој се беше решено во првото полувреме. ЦСКА пред полувремето креираше разлика од девет поени (44-35), која потоа рутински ја одржуваше до крајот на натпреварот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Мајк Џејмс со 17 поени, а Вил Клибурн дополни со 15 поени. Кај поразените се издвои Никола Калиниќ со 15 постигнати поени.
Жалгирис триумфираше на гостински терен против Лион со 74-83.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА