Кошаркарите на ЦСКА во Москва славеа против Олимпијакос со 69-65 во натпреварот од петтото коло во Евролигата. Русите и понатаму имаат максимален учинок во Евролигата, а Олимпијакос сега има три победи и два порази.
Натпреварот го одбележаа многу промашувања на двете страни и неизвесната завршница. ЦСКА во последниот дел постојано беше во предност, а Олимпијакос бркаѓе резултат, но не успеа да стигне до победата.
Василис Спанулис со две тројки во завршницата одржуваше приклучок, но третиот обид за три поени во серија, заврши со промашување и тука беше крајот за грчкиот тим.
Серхио Родригез беше најефикасен со 20 поени и пет асистенции, а Вил Клајбур додаде 17 поени во победата на ЦСКА. Кај Олимпијакос листата на стрелците ја предводеа Спанулис со 16 и Јоргос Принтезис со 14 поени.
За разлика од неизвесниот меч во Москва, во дуелот меѓу Басконија и Дарушафака немаше неизвесност. Тимот од Баскија славеше убедлива победа со 82-56, а предноста ја стекна во втората и во третата четвртина кога дојде на +23 што беше недостижна предност за Дарушафака.
Шенгелија со 13 и Илијар со 12 беа најефикасни кај домашниоот тим, а Саваш и Ерик постигнаа по 12 поени за Дарушафака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА