Македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски е цел на српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола, единствениот клуб од Србија кој се избори за европска пролет оваа сезона.
Отако не успеа да го доведе Андреј Тодороски од Спартак Суботица, кој не дозволи заминување на македонскиот интернационалец, сега ТСЦ се насочува кон Лука Станковски кој е дел од Раднички од Крагујевац.
Станковски е желба и на Партизан но, како што пренесуваат српските медиуми, не нуди толку колку што бара Раднички, па сега ТСЦ се вклучува во трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА