Цупара предвреме се пресели во Романија, Веспрем веднаш донесе нов голман

Веспрем беше принуден на голманска рокада летово откако Владимир Цупара инсистираше да си замине од таборот на унгарскиот гигант и да се пресели во редовите на Динамо Букурешт. Српскиот голман имаше договорен трансфер со романскиот шампион од 2024 година, но иако Динамо не доби зелено светло за настап во ЛШ, гигантот од Букурешт настојува да состави силен тим со кој би атакувал на трофејот во Лигата на Европа на ЕХФ.

Цупара беше главна желба на тренерот Чави Пасквал, поради што Динамо се согласи да плати и отштета на Веспрем, a унгарскиот првак денеска и официјално ја потврди разделбата од српскиот чувар на мрежата.

Веспрем експресно најде и нов голман, па попладнево беше официјализиран потписот со Игнасио Биоска, 27-годишниот Шпанец кој е висок 200 сантиметри и ланската сезона ја почна во Кадетен Шафхаузен, од каде потоа се пресели во Висла Плоцк. Биоска потпиша едногодишен договор со Веспрем, со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Се вчитува...