Цуцули: Ќе играме со огромен мотив, и за нашите навивачи

По одличниот натпревар и победата против Силекс, тетовска Шкендија и тоа како со огромен мотив го чека третото големо дерби против Вардар сезонава.

Силно веруваат тетовци дека е дојден моментот за реванш за претходните два порази, и покрај тоа што се повеќе од свесни дека ќе биде тежок натпревар во кој и Вардар посакува победа за што поголемо бодовно одлепување.

„На овие натпревари никој не ја носи отворено фаворитската улога. На претходните два игравме квалитетно, најмалку заслуживме порази, но само поради наши грешки дозволивме противникот да се радува. Сега веруваме дека тоа може да се исправи без разлика што играме на гостински терен и без поддршка од нашите навивачи. Не е сеедно кога играте без поддршка од своите навивачи, но сега ќе играме и за нив. Веруваме во нашиот квалитет, веруваме дека можеме до бодови. Во секој случај, ова за нас е и како сите останати мечеви, на кој Шкендија безусловно оди на победа“ – вели дефанзивецот на тетовци, Ардијан Цуцули.

Поради договорот за непатување на гостински навивачи на големите дерби натпревари, Шкендија нема да ја има поддршката од своите навивачи на „Телеком арената“.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 часот)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

Охрид: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА 2-1

ТАБЕЛА: Вардар 44 бода, Шкендија 40, Пелистер (+1) 33, Работнички 31, Ренова 26, Силекс 24, Шкупи 16, Победа 16, Македонија ЃП 15, Брегалница (+1) 11 бода.

Се вчитува...