Цуцули промовиран во Кукс…, му се приклучува ли и Хасани!?

Ардијан Цуцули и официјално следната сезона ќе настапува во редовите на албанскиот суперлигаш Кукс.

Цуцули денеска официјално промовиран во новиот дрес потпишувајќи едногодишен договор со Кукс, кој во моментов на европската сцена се натпреварува во квалификациите за Лигата на Европа.

Но, лесно може да се случи во Кукс да заврши и поранешниот капитен на Шкендија, Ферхан Хасани. Репрезентативецот, како што е познато, на крајот од претходната сезона ја заврши соработката со тетовци во надеж за трансфер во Турција.

Но, според последните информации, лесно може да се случи да заврши во Кукс. Како што пренесува „Инфоспорт“, менаџерите на Хасани веќе реализирале првични преговори со раководството на Кукс по што наредниот период ќе биде и дефинитивно познато дали ќе има меѓусебна соработка во иднина.

Се вчитува...