Цветан Кузмановски успешно опериран, го чека долга пауза

Крилото на Е. Пелистер, Цветан Кузмановски е успешно опериран по вчерашната повреда на коленото која ја заработи на дуелот против Охрид во Суперлигата.

Кузмановски сега го чека долг процес на рехабилитација пред враќање на терените.

„Цветан ти посакуваме брзо опоравување и сигурни сме дека ќе се вратиш уште посилен!!!!“, порачаа од македонскиот шампион. 

Се вчитува...