Баскет КАМ продолжува со составување на тимот за следната сезона, а по ангажманот на Сања Адамовска нова кошаркарка на вицешампионот е Цветанка Димова.
Дваесетитригодишната Димова во Македонска Каменица доаѓа од редовите на актуелниот шампион Бадел 1862 и се очекува да биде големо засилување во трка за трофеите на домашниот фронт.
Баскет КАМ претходната сезона беше дел и од АБА првенството, а очекувањата се излез на интернационалната сцена и во сезоната која следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

