После заминувањето на неколку играчи од таборот на Академија Пандев, тимот планира да ги засили своите редови со неколку проверени и искусни имиња, со цел тимот најпрво да го обезбеди опстанокот, кој се наметна како цел после случувањата во првиот дел од сезоната.
Така заминувањата на голманот Јовановски, потоа на Ѓорѓиевски, Митровски, Најденов, ќе бидат пополнети со играчи од прволигашки калибар.
Како што неофицијално дознава ЕКИПА, пред портите на Академија Пандев се наоѓа Матеј Цветаноски. Играчот кој во минатата година настапуваше во странство, во Ѓирмот и во таборот на Партизани Тирана, сега е блиску да се врати во Македонија и да се приклучи на тимот на „академците“.
Исто така има контакти и со Кристијан Тошевски, играчот на Тирана кој во минатото беше дел од Тетекс, Пелистер и Вардар. Тошевски исто така е повремен репрезентативец на Македонија, искусен фудбалер кој може да игра и како десен бек, и како стопер, а веќе соработуваше со Васоски во Вардар.
Во Струмица се споменува и името на хрватскиот интернационалец Марио Врдољак. Станува збор за играч од средниот ред кој досега настапуваше во Романија, а сега е слободен агент. Во минатото беше дел од неколку италијански нисколигаши, а играше и во Хрватска, БИХ, Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА