Екипата на Брегалница најрано од сите македонски прволигаши ги започна своите зимски подготовки, на 4. јануари. Клубот од Штип доведе неколку засилувања досега, а стратегот на Брегалница, Здравко Цветаноски смета дека со новите играчи, тимот ќе остане во Првата лига и покрај лошата есенска полусезона.
„Доведовме неколку квалитетни засилувања, кои сметам дека ќе ни бидат од голема корист. Во Штип ќе бидеме до 22. јануари, а после тоа заминуваме за Сандански, Бугарија. Таму ќе одиграме неколку пријателски натпревари, со цел играчите да влезат во натпреварувачки ритам. Верувам во квалитетот на мојот тим и сметам дека ќе останеме во Првата лига“ – истакна Цветаноски.
Нови членови на Брегалница се Бугарите Костадинов и Александров, Бразилецот Еденислон, а на екипата се приклучи и повратникот Дарко Стојанов. Управата на Брегалница води и преговори за ангажман на Никола Тонев и Ристе Наумов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА