Цветаноски со деби-гол за Железничар

Матеј Цветаноски вечерва го постигна својот прв гол за Железничар, давајќи значаен придонес во победата на дуелот со Игман од 3-1. Домашните фудбалери доминираа на стадионот „Грбавица“, контролирајќи го резултатот и стигнувајќи до предност од 3-0 пред гостите само да го ублажат поразот.

Токму третиот гол беше дело на Цветаноски, откако македонскиот фудбалер одлично прими едно долго додавање од соиграчите и мајсторски ја смести топката во мрежата.

Цветаноски летово се пресели во Железничар по истекот на договорот што го имаше со АП Брера, а овој фудбалер на интернационалната сцена откако претходно настапуваше и за унгарски Ѓирмот и албанскиот прволигаш Партизани Тирана

Се вчитува...