Цветаноски со гол и две асистенции за осминафинале на Железничар во Купот на БиХ (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Матеј Цветаноски беше клучниот играч за Железничар во победата над Леотар во 1/16-финалето од Купот на Босна и Херцеговина.

Железничар славеше со 0-3 благодарение само на македонскиот фудбалер кој најпрво двапати асистираше за Филип Дангубиќ, а во самата завршница, во 88. минута, и самиот се запиша во листата на стрелци.

Во тимот на Железничар настапи и вториот Македонец, Мартин Мирчевски.

Се вчитува...