Цветановска и Јада петти на Балканскиот куп во скијачко трчање

Mакедонските репрезентативци остварија значајни резултати на Балканскиот куп во скијачко трчање, кој се одржа во Банско, Бугарија.

Во жестока конкуренција, Ана Цветановска, Ставре Јада, Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски уште еднаш покажаа дека Македонија има квалитет за големи успеси.

Ана Цветановска повторно докажа дека е меѓу најдобрите, освојувајќи 5. место на првата трка и 6. место на втората трка од натпреварувањето.

Во машка конкуренција, Ставре Јада заврши на 5. место, Стефан Ѓорѓевиќ го освои 23. место а Виктор Чакаровски заврши на 29. место.

Се вчитува...