Неверојатен натпревар ни донесе дербито во шампионатот на Босна и Херцеговина меѓу домашниот Железничар и Борац Бања Лука.
Македонскиот интернационалец кој е дел од тимот на „Жељо“, Матеј Цветановски доби директен црвен картон во 80. минута. Дел од тимот на домашните беше и Мартин Мирчевски.
Во гостинскиот тим во игра влезе Бобан Николов во 67. минута, додека Дамјан Шишковски остана на клупата за резерви. Голот за гостите го постигна Огринец уште во 1. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Шошиќ во 12. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

