Цветановски стрелец за Железничар во поразот од Борац Бања Лука

Во рамките на елитната Премиер лига на Босна и Херцеговина, Борац Бања Лука вечерва ја совлада екипата на Железничар со 2-1. Домаќините до целата победа дојдоа со головите постигнати во првото полувреме, по кое имаа предност од 2-0.

Македонскиот интернационалец Матеј Цветановски во 44. минута успеа да намали на 2-1 и да го постигне својот втор гол во сезоната, но тоа се покажа како недоволно за гостите од Сараево да избегнат пораз.

Кај Борац, македонскиот голман Дамјан Шишковски останa на клупата за резерви, додека неговиот сонародник Херера го одигра целиот меч како стартер во одбраната.

Се вчитува...