Вардар ја задржа лидерската позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако оствари триумф на гостувањето кај Силекс во Кратово.
Човек на одлука беше Стефан Цветковиќ, кој успеа да стрела во 45. минута од средбата, откако одлично се снајде во петерецот на гостите.
Претходно Вардарци имаа четири добри шанси преку Цветковиќ два пати и еднаш Велковски кога ја погоди стативата, додека Закариќ ја погоди пречката. Силекс остана со играч помалку по исклучувањето на Додев во 26. минута од средбата.
Во вториот дел имаше далеку помалку шанси. Вардар ги затвори приодите по голот, а преку Јанкулов одново ја погодија пречката од голот на Џеков. Силекс, пак, можеше да казни преку Алиќ, кој излезе сам пред голот на Талески, но шутираше само над голот.
Алиќ мораше да го напушти теренот со амбулантно возило, откако заработи удар во главата по еден дуел со Мишковски во 86. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

