Вардар поведе против Башкими во финишот од првиот дел со голот на Цветковиќ. „Црвено-црните“ цело време имаа иницијатива и напаѓаа, но дури пред самиот финиш успеаја да го „скршат“ отпорот на гостинскиот тим.
Вардар постигна гол уште во 40. секунда, но истиот беше поништен поради офсајд. Потоа имаше уште неколку прилики, но немаше голови се до судиското надополнување.
Во втората минута од судиското надополнување, Данев шутираше од 20 метри, Јашар одби до осамениот Цветковиќ кој ја спроведе топката во мрежата на Башкими за предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

