Цвијиќ: Дојдов во Вардар за да ја освојам титулата во ЛШ, тоа би била идеална разделба

Ова е последна сезона за женскиот тим на Вардар во ваков ѕвезден состав, но тоа не значи дека „црвено-црните“ девојки нема да дадат се од себе пред разделбата да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Тоа го потенцира и српската интернационалка Драгана Цвијиќ во интервјуто за официјалниот сајт на ЕХФ.

„Дојдов во Вардар за да ја освојам титулата во Лигата на шампионите. Во меѓувреме, се сменија некои односи, но мотивите секако остануваат. Пред разделбата, ќе дадеме се од себе за да ја оствариме целта што сите ја посакуваме“, вели Драгана Цвијиќ.

Раководството им ја соопштило веста дека тимот се распушта по завршувањето на сезоната, неколку дена пред дуелот со Мец во Скопје. Како што вели пикерот Цвијиќ, не е лесно да се фокусирате на натпревар, кога иднината ви е несигурна.

„Не беше лесно да го играме тој меч со Мец во Скопје. Постојано размислувавме за тоа што ни го кажаа од клубот, си правите планови за сопствената иднина. Јас сум во Вардар само една сезона, но веднаш се врзав емотивно за клубот и одлуката на раководството навистина не пресече“, вели Цвијиќ, која од следната сезона ќе настапува за ЧСМ Букурешт, заедно со Андреа Лекиќ и со Јованка Радичевиќ.

Се вчитува...