Цвијиќ меѓу ѕвездите на колото, Лејно со одбрана во Топ 5 (ВИДЕО)

Вардарки на убедлив начин го совладаа Мец во СЦ „Јане Сандански“, а дел од ракометарките заслужено се најдоа и меѓу најдобрите во изборот на ЕХФ. Драгана Цвијиќ постигна седум гола од седум обиди и е избрана од ЕХФ како една од трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите.

Голманката Амандин Лејно имаше одличен настап против Мец и одбрани вкупно 17 удари на противничките ракометарки. Таа се најде меѓу Топ 5 одбрани во изборот на ЕХФ.

Се вчитува...