Вардар уште еднаш ја потврди фаворитската улога и со победа против Турингер (29-21)ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во оваа перфектна серија на вардарки од шест победи во шест натпревари сезонава, значајна улога одигра новото засилување во „црвено-црниот“ состав, пикерот Драгана Цвијиќ.
„Во овие шест натпревари покажавме што знаеме. Би сакала да и се заблагодарам на публиката што ја наполни салата на денеска и посакувам да биде вака и на наредните натпревари. Сигурно дека ова не е најдоброто од Вардар, влеговме во нов систем. Заедно растеме и учиме, се воигруваме од натпревар во натпревар. Имам добра соработка со сите и уживање е да се биде дел од Вардар. Има уште многу простор за подобрување на играта“ – истакна Цвијиќ по дуелот со Турингер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА