„Цврста одбрана и дисциплиниран напад, тоа е рецептот за Португалија“

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Михаил Аларов против моќната Данска го имаше своето деби за Македонија на европските шампионати, а пивотот на РК Алкалоид се надева на подобар исход на денешната пресметка со селекцијата на Португалија.

Големиот борец кој дава значаен придонес во одбраната смета дека Македонија може да одигра квалитетно и да ги замрси сметките на фаворитот на денешниот дуел.

„Португалија е уште едена селекција која е дојдена да освои медал. Не се на ниво на Данска, но играат одличен ракомет и се фаворити против нас. Но, ние ќе го искористиме краткото време за подготовка за да можеме да излеземе и да одиграме одличен натпревар. Мора да бидеме поцврсти во одбраната, да бидеме дисциплинирани во нападот, да не кажам перфектни за да можеме да направиме изненадување. Би сакал ова Европско првенство да го паметам по добар резултат, тоа значи пласман во следната рунда“, изјави Аларов во пресрет на денешниот дуел.

Слична е прогнозата и на еден од најискусните во нашиот табор, Никола Маркоски.

„Португалија игра слично како и Данска. Мораме да се обидеме да ја спречиме нивната контра и да бидеме цврсти во одбраната. Ги гледавме, анализиравме, играат многу добро, но мислам дека сме спремни за меч со нив“, истакна Маркоски.

Се вчитува...