Двајцата македонски возачи, Игор Стефановски Иџе и Виктор Давидовски денеска го имаа своето деби во „ТЦР Европа“ шампионатот. На првата трка во Франција подобро се снајде поискусниот Иџе, кој заврши на шестото место, додека Давидовски беше 16-ти. На патеката „Пол Рикард“ се возеше интересна трка, во која победи српскиот возач Душан Борковиќ.
На второто место беше Унгарецот Даниел Наѓи, а третопласиран беше Шпанецот Микел Аскона.
Втората трка ќе се одржи утре, со почеток од 15.50 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА