Тудор: Чест е да се биде дел од клуб како Тотенхем

Хрватскиот стратег Игор Тудор официјално беше промовиран како нов тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем.

Овој потег на раководството на лондоснкиот состав наиде на големо изненадување во јавноста со голед на неискуството на стратегот во Премиерлигата, но тој вели дека ќе направи се во негова можност да ги подобри резултатите до крајот на сезоната.

„Чест ми е да бидам дел од овој клуб во вака важен момент. Свесен сум за одговорноста која ми ја дадоа и фокусот ми е јасен. Треба да се донесе конзистентност во перформансите на Тотенхем. Во овој тим има голем играчки квалитет, а мојата работа ќе биде да ги организирам и мотивирам играчите, како и да ги подобрам резултатите“, изјави Тудор.

Се вчитува...