Тудор: Дербито со Интер вреди повеќе од три бода за Јуве

Репрезентативната пауза заврши, а Јувентус на првиот меч во септември го очекува големо дерби на домашен терен против вечниот ривал Интер (сабота, 18 часот).

Игор Тудор може да биде задоволен од стартот на сезоната и победите во првите две рунди, но на хрватскиот стратег на чело на Јуве му е јасно колку е значаен саботниот дерби дуел.

„Ова е натпревр кој вреди повеќе од три бода за нас. Јас верувам дека нашиот тим може да стигне и до шампионскиот трофеј, но за такво нешто ќе треба да славиме ан вакви дерби дуели. Интер има одлична екипа, со искусни фудбалери кои имаат одиграно бројни вакви натпревари. Сепак, ние сме фокусирани на нашата игра, на тоа како да ги искористиме нашите предности на теренот. Тие ќе се обидат да ги искористат слабостите во нашата игра, па ќе видиме кој ќе биде поуспешен на крајот. Јас имам апсолутна доверба во мојот тим, а кога се игра ваков дерби дуел нема потреба од дополнителна мотивација на фудбалерите, што ми ја олеснува работата како тренер“, истакна Тудор.

Хрватскиот стратег нема да може да смета на суспендираниот Камбијасо, како и на повредените Консеисао, Жегрова, Милик и Кабал.

Се вчитува...