Кенан Јилдиз, младиот Турчин од редовите на Јувентус воодушеви на отварањето на ФИФА Светското клупско првенство постигнувајќи три гола на првите два натпревари. Фудбалерот кој важи за еден од најдобрите од својата генерација веќе е мета на најголемите европски гиганти, а тренерот Игор Тудор се надева дека нема да дојде до заминување.
Јилдиз има договор со Јувентус со важност до 2029 година, но со оглед на прикажаната игра се очекува да добие драстично зголемување на платата која сега изнесува само 1.5 милиони евра по сезона. Италијанските медиуми наговестија проблем во амбициите на Турчинот и торинскиот клуб со тоа што фудбалерот бара плата од пет милиони евра, а Италијанците се подготвени да му даде само три.
„Кенан го сака фудбалот и сака да игра засекогаш. Има брзина, идеал и менталитет на голем играч. Клучот е во глвата. Има техника, но и напорно работи. Покрај тоа тој е и добар дечко. Тој самиот ќе одлучи до каде ќе стигне. Дали ми е страв од понудите на големите клубови? Можно е, но тој е се уште млад. Клуб како Јувентус не смее да си ги продава најдобрите фудбалери“, изјави Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

