Хрватот Игор Тудор е пред именување за нов тренер на Лацио, по оставката на Маурицио Сари, пренесуваат италијанските медиуми.
Тудор синоќа се сретнал со претседателот на римскиот клуб, Клаудио Лотито и со спортскиот директор Маријано Фабијани и ги договорил сите детали за идната соработка.
Се очекува Хрватот да потпише договор до јуни 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.
Тудор екипата би требало да ја преземе на почетокот на следната недела. Лацио во моментов е на 9. место во Серија А со 40 бода од 28 натпревари, на седум од местата кои водат во Европа.
🚨🇭🇷 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆 | Igor Tudor will be the new Lazio manager! 1.5 year contract + option for another year, reports @DiMarzio. 🔵🦅
Sarri’s replacement has been found. pic.twitter.com/5XDAVHTrtL
— EuroFoot (@eurofootcom) March 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА