Се поголемо е незадоволството меѓу навивачите на Јувентус од игрите и резултатите на тимот. Една од причините е одлуката на тренерот Игор Тудор да го пресели Душан Влаховиќ на клупата, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот кој му е важечки до 2026 година.
Иако веќе постигна четири гола оваа сезона, предност постојано добива новодојдениот Џонатан Давид, кој само еднаш ја погоди мрежата во дресот на италијанскиот гигант.
„Моето мислење е јасно. Мора да игра Влаховиќ. Сега постигна гол во дресот на Србија. Секогаш ми се допаѓа како играч. Дури и во Јувентус тој е оној што постигнува најмногу голови. Можеби му треба соиграч да игра со него, но мојот избор во шпицот секогаш би бил Влаховиќ“, вели поранешниот ас на Јувентус, Џанлука Ѕамброта.
Поранешниот италијански репрезентативец има и совети кога станува збор за одбраната на Јувентус
„Во својата тренерска кариера, Тудор не играше често со четворица во одбраната. Затоа мислам дека треба да се врати во формацијата со тројца. Треба да се држи до своите идеи, тоа е единственото правилно нешто. Ако веќе играл на еден начин цело време, тогаш најдобро е да си верува.“
Јувентус забележа пет нерешени резултати пред да загуби со 2-0 на гостувањето кај Комо во неделата.
„Јуве е сè уште блиску до врвот, не треба навивачите да драматизираат. На крајот на краиштата, загубија еден натпревар. Разликата е сè уште мала, проблемот е, сепак, што црно-белите не победиле долго време. Има само два нерешени резултати во Лигата на шампионите. Ќе биде тешко во Мадрид, но којзнае“, подвлекува Ѕамброта.
Јувентус гостува кај Реал Мадрид вечерва (21 ч.), со ‘добра шанса’ да ја продолжи својата серија без победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

