Хрватскиот стратег Игор Тудор беше опција за преземање на клупата на Монако, тврди „Л’Екип“ притоа откривајќи зошто одби да ја прифати понудата по смената на Белгиецот Филип Клементе. Го направил тоа само од почит кон поранешниот свој клуб Олимпик Марсеј.
„Не потпишав за ниту еден друг клуб и немам никакви чувства кон било кого. Кога работите во Марсеј една година, тоа е како да работите две-три години на друго место. Дадов се од себе. Имаше и непроспиени ноќи и многу работа. Клубот има очигледни темели за иднината и искрено се надевам дека наскоро ќе има трофеи на Велодром“ – истакна Тудор по заминувањето од Олимпик.
Монако, пак, под водство на Клементе не успеа да се избори за место во европските натпреварувања. Сезоната ја заврши на шестото место и белгискиот стратег потоа е заменет со Адолф Хитер. Австриецот не беше прв избор на клубот, но откако Тудор одбил, Хитер го прифатил предизвикот и во моментов Монако е на водечката позиција во Лига 1 сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА