Тудор: Ова е најдоброто од Јувентус во моментов

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, беше задоволен по спектакуларниот реми 4-4 против Борусија Дортмунд на почетокот од главната фаза од Лигата на шампионите .

Тимот од Торино беше пред пораз, откако губеше со 2-4, но во судиското надополнување постигна два гола и така се спаси од пораз на стартот од најелитното европско клупско натпреварување.

„Очигледно дека не можеме без овие драматични мечеви. Беше многу тешко да се соочиме со силен тим само три дена после нашиот претходен натпревар против Интер. Но, покажавме волја, и имаме одлична клупа, што е добар знак“, рече Тудор.

„Имавме проблеми во одбраната, но во нападот секогаш бевме опасни. Примивме голови кои можевме да ги избегнеме, но имавме и индивидуални квалитети како на пример оној на Кенан Јилдиз. Можам да бидам задоволен со оглед како се одвиваше мечот, но можевме да одиграме и подобро. Но, во ред е. Ова е најдоброто од Јувентус во моментов“, изјави Тудор.

Се вчитува...