Тудор по убедливиот пораз од Арсенал: Сега се ми е јасно

Игор Тудор дебитираше со тежок пораз на клупата на Тотенхем. Неговиот нов клуб беше убедливо поразен со 1-4 од градскиот ривал Арсенал.

Хрватот не го криеше незадоволството по крајот на средбата изјавувајќи дека разликата меѓу клубовите е голема.

„Тажен сум бидејќи не дадовме се од себе. Арсенал беше многу подобар. Постои преголема разлика меѓу двата тима. Имавме дури и физички проблеми да собереме 11 играчи на теренот и плус тројца на клупа.

Добро е да видиме ваков тим кој ќе ни покаже како треба да изгледаме бидејќи се мачиме во повеќе сегменти. Психилошки мораме да се извлечеме од оваа ситуација, а единствениот начин е работа. Да останеме тивки и скромни. Да гледаме во иднината од ден за ден, да напредуваме од ден за ден и од недела за недела. Моментално тие беа пресилни за нас“, изјави Тудор.

На прашање кои се лошите навики на составот тој даде интересен одговор.

„За тоа ќе разговараме како тим во соблекувалната. Не е лесно. Нормално дека многу работи не ми се допаднаа, но понекогаш е многу подобро јасно да видиме до каде сме да за разбереме што треба да направиме. Сега се ми е јасно. Како е така е. Во вторник одиме на тренинг сите мирни, скромни и ќе започнеме сериозно да работиме“, додаде хрватскиот стратег.

Се вчитува...