Јувентус во последните пет натпревари во Серија А забележа само една победа што го активираше алармот во Торино. И покрај тоа што храватскиот стратег успеа да ја спаси „старата дама“ минатата сезона, поради лошиот старт на новата неговата иднина на клупата на тимот е неизвесна.
Раководството на клубот не е загрижено само поради лошите резултати, туку и поради неповолната ситуација во соблекувалната па веќе размислува за смена на Тудор.
Според доброупатниот италијански новинар Фабрицио Романо има и рок до кога тој треба да ја промени ситуацијата, а тоа е до новата репрезентативна пауза. Поразот од Комо ја зголеми тензијата, фудбалерите исто така се незадоволни, а управата се посериозно размислува за нова промена на клупата.
Веќе се и споменуваат и можните замени за Хрватот во имињата на Лучијано Спалети и Роберто Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

