Новиот тренер на Јувентус Игор Тудор има намера да ја промени тактиката на Јувентус поради добри резултати. Тоа стана јасно по првата прес-конференција на официјалната промоција на Хрватот на клупата на торинскиот гигант.
Тудор ќе дебитира како прв тренер на Јувентус во сабота на меч со Џенова. Тој во минатото беше помошник тренер на тимот, а работеше и во неколку клубови меѓу кои Удинезе и Рома.
„Ќе смениме многу работи, и тоа можеби ќе го забави нашиот развој. Сепак, тука се бараат победи, и потребна е работа за да дојдеме до резултати. Ќе има тактички промени на кои ќе нема време да се навикнеме. Не треба да прифатиме да се игра пред нашиот гол и да се браниме, туку сакам нашите играчи да постигнуваат повеќе голови. Ми се допаѓа моите тимови да напаѓаат, но сакам и да не примаме голови. Целта е да играме поинтересен фудбал. Не можам да го споредам мојот Јувентус со тимови од минатото. Се надевам дека ќе видам дух кај играчите во сабота, затоа што тоа го немаше досега“, рече Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА