Јувентус ќе го пречека Милан во големото италијанско дерби, дуел на кој „старата дама“ ќе се обиде да ги прескокне „росонерите“ кои моментно се на делба на првото место со Наполи и со Рома.
Милан врза четири победи по шокантниот пораз на домашен терен од Кремонезе на стартот, а „росонерите“ заиграа во топ-ритам кога во форма влезе Лука Модриќ, кој летово пристигна како слободе играч од Реал Мадрид.
За тренерот на Јуве, Игор Тудор, е јасно дека за позитивен резултат ќе мора да го запре својот сонародник, иако е свесен колку е тешко да се направи.
„Имав чест да играм со Модриќ во репрезентацијата, заедно испишавме историја за нашата земја. Слободно можам да кажам дека играч како него веќе нема да се роди, не знам некој што му е барем на приближно ниво. Она што го прави сега, начинот на кој игра на 40 години, тоа е нешто невидено. Горд сум што го познавам, но искрено се надевам дека утре ќе одигра лошо против Јувентус“, истакна Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

