Тудор се поблиску до останување на клупата на Јуве

Иако се чинеше дека Игор Тудор ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната, се поизвесно е дека ќе остане на клупата на торинскиот клуб.

Првиот избор на Јувентус, Антонио Конте реши да остане во Наполи, а беа одбиени од Џан Пјеро Гасперини, кој се согласи да ја преземе Рома и реши да го испочитува тој договор.

Тудор, кој го презеде Јувентус на девет кола пред крајот на сезонат, потпиша договор до летото со опција за продолжување на уште една година доколку се пласира во Лигата на шампионите. Откако успеа во тоа, Јувентус има опција за продолжување, но и можност за раскинување на соработката со отпремнина од еден милион евра.

Засега единствено е сигурно дека Тудор ќе го предводи тимот на Светското клупско првенство.

Се вчитува...