Новиот менаџер на Тотенхем, Игор Тудор, пред утрешното лондонско дерби против Арсенал изјави дека е „100 проценти убеден“ дека неговиот клуб ќе избегне испаѓање од Премиер лигата.
Актуелниот шампион на Лигата на Европа и учесник во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа година моментално е на очајното 16-то место и има само пет бода повеќе од Вест Хем, кој е прв под „линијата“, а до крајот на првенството остануваат уште 12 кола.
Тудор пристигна на клупата на Тотенхем откако Томас Франк беше заменет на 11 февруари, по осум месеци на таа позиција.
Хрватскиот стручњак, кој во текот на својата тренерска кариера ги водеше Марсеј, Лацио и Јувентус, меѓу другите, нагласи дека дошол на работа, а не за да ужива во својата позиција.
„Не сум тука да уживам, туку да работам. Уживањето е само првиот момент, а потоа доаѓа работата. Ова е фантастичен клуб и сум максимално фокусиран на тоа да ги правам вистинските работи. Ова е тим кој има квалитет, енергија и потенцијал.“, рече Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

