Тудор: Сите сонуваат да го победат Реал Мадрид, ние ќе успееме во тоа

Јувентус и Реал Мадрид ќе си ги одмерат силите во осминафиналето на ФИФА Светското клупско првенство. Дуелот на шпанскиот и италијанскиот гигант предизвика голем интерес на јавноста особено по изјавата на тренерот на „страта дама“ Игор Тудор.

Хрватскиот стратег вервуа дека неговиот тим има квалитет да го надигра шпанскиот вицешампион и да го елиминира од историското натпреварување.

„Реал има играчи од висока класа и во турнирско натпреварување какво што е ова, многу е тешко да ги совладате. Исто така, и покрај тоа што кратко е во клубот се гледа тренерскиот ракопис на Чаби Алонсо. Се гледаат сличностите со неговата претходна екипа, Баер Леверкузен. Сите сонуваат да го победат Реал Мадрид, ние ќе успееме во тоа. Мора многу да трчаме, да играме храбро, не смееме да правиме грешки бидејќи ќе не казнат, но мора да имаме и малку среќа“, изјави Тудор.

Натпреварот е закажан со почеток од 21 часот.

Се вчитува...