Тудор со нов „супер-кикс“: Мислеше дека се поздравува со Слот…

Игор Тудор ќе остане запаметен во англискиот фудбал по се, освен по своите тренерски квалитети. Неколку дена откако беше „распнат“ од јавноста поради третманот на голманот Кински, Хрватот повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат пред дуелот со Ливерпул на „Енфилд“.

Имено, пред почетокот на дуелот Тудор му пријде од зад грб на еден „ќелавко“ пред клупата на Ливерпул, за да се поздрави со Арне Слот. Само што… тоа не беше Слот, туку неговиот помошник Алан Диксон.

„Тудор пак утна…. Сакаше да се поздрави со Слот, но…“ , гласеше еден од бројните сеирџиски коментари на адреса на хрватскиот стратег.

Се вчитува...