Хрватскиот тренер Игор Тудор и официјално е назначен за нов тренер на Лацио, а уште непристигнат, веднаш се соочи со голем проблем. Првиот стрелец и „иконата“ на клубот, Чиро Имобиле најавил дека ќе си замине од тимот по завршувањето на сезоната.
Имобиле е најдобар фудбалер на Лацио во изминатите неколку години. Стана дел од историјата на клубот, затоа што официјално е прв стрелец во историјата со 206 голови. Тој беше најдобар стрелец три сезони по ред, и тоа дури кога Кристијано Роналдо играше во Серија „А“ во дресот на Јувентус.
Медиумите во Италија јавуваат дека Имобиле се решил на ваков чекор поради инцидентот кој се случил минатата недела. Во петокот навечер Имобиле заедно со неговата сопруга Џесика и со четиригодишниот син, бил вербално нападнат од навивачи на Лацио додека биле на прошетка низ рим.
Имобиле се обратил на властите и најавил дека правдата ќе ја бара на суд. Исто така ги нападна и медиумите за поттикнување на насилство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА