Игор Тудор имаше жестока конфронтација со новинарот на „Скај Спортс“, Патрик Дејвисон, во напнато интервју по вчерашниот натпревар на Тотенхем против Ливерпул.
Тотенхем дојде до првиот свој бод под водство на Тудор. Тимот претходно забележа четири порази по ред, вклучувајќи ги и поразите против Арсенал и Атлетико Мадрид.
Хрватот разговараше со Дејвисон од „Скај Спортс“ по натпреварот впуштајќи се во жесток „судир“.
„Дали покажавте дека можете да понудите надеж и дека на клубот не му е потребен нов тренер?“ – праша Дејвисон.
Но, тоа прашање не му се допадна на Тудор.
„Доста е, секогаш ви кажувам што мислам.“
Следеше одговорот на Дејвисон:
„Но, не мислите ли дека понекогаш овие прашања треба да се постават и да се одговорат? За иднината, за тоа кој ќе биде тренер и дали тимот ќе остане во лигата?“
Следеше одговор од Тудор…
„Не, тоа не е прашање за мене, јас сум тренер, мора да ме прашате за играчот, за тоа како играме, како се движиме. Тоа е прашање кое нема смисла. Имам должност да дојдам тука да дадам изјава, инаку не би застанал тука зошто вие поставувате такви прашања“, заврши Тудор.
За Тотенхем сега следи натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа и натпревар против Нотингем Форест во домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

