Јувентус крајно несреќно прими гол во 96. минута и остана без посакуваната победа на дербито со Лацио, а на удар на медиумите и на навивачите по мечот во Рим се најде тренерот Игор Тудор.
Причината – чудните измени што хрватскиот стратег ги направи во самиот финиш, кога одлучи да повлече од игра двајца фудбалери кои влегоа на теренот во второто полувреме. Консеисао го замени Гонзалез во 46. минута, додека Аџиќ влезе на местото на Коло Муани во 76. минута. Тудор на шест минути до крајот се реши да го искористи последното право за измена, шокирајќи ги сите кога Аџиќ и Консеисао беа фудбалерите кои го напуштија теренот, а на нивно место влегоа Влаховиќ и Гати.
„Признавам дека одлуката беше чудна, дури и болна за самите фудбалери, но тоа го сторив за доброто на тимот. Верував дека ќе добиеме на квалитет со Гати и со Влаховиќ и затоа одлучив така. Им се извинив на Консеисао и на Аџиќ за потегот, но не кријам – ако треба пак би го сторил истото“, порача Тудор по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

