Хрватскиот стратег на клупата на Јувентус, Игор Тудор најавувајќи го натпреварот против Парма имаше интересна изјава велејќи дека не сака да биде споменуван како привремен тренер.
Тудор седна на клупата на клубот од Торино по отказот на Мота со договорот до крајот на сезоната по која ќе биде одлучена неговата иднина.
„Тој збор привремен е многу гаден збор. Секој тренер живее на дневна база. Ќе повторам тоа е многу гаден збор. Кога ќе дојде еден тренер, тој може да биде отпуштен и покрај тоа што има потпишан договор на пет години. Секој тренер живее од ден за ден. Не можете да планирате многу напред, вашата иднина ја градите денеска, учите од лекциите од минатото, но размислувањето премногу за иднината не носи ништо освен нервоза. Морате да се подготвите најдоброто што можете, тоа е се што се смета. Останатот е нула“, изјаву Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА